Дома Фудбал Англија Лампард потпишува 3-годишен договор со Челзи, се враќа и Дрогба

Лампард потпишува 3-годишен договор со Челзи, се враќа и Дрогба

Челзи на крајот од сезоната остана без тренер откако Маурицио Сари се врати во Италија и го презеде Јувентус.

Меѓутоа, „сините“ експресно ја најдоа неговата замена и одлучија кормилото да му го доверат на легендата на клубот Френк Лампард.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Челси ќе потпише тригодишен договор, а газдата на клубот, Роман Абрамович му ветил дека во првите две години, работата му е сигурна без разлика на пласманот на екипата.

Челзи наводно се согласил да плати компензација од 4,5 милиони евра на неговиот клуб Дерби Каунти, па наскоро се очекува официјализација.

Освен Лампард, на „Стемфорд бриџ“ се очекува да се вратат уште неколку негови соиграчи, Петр Чех би требало да добие директорска функција, додека како дел од стручниот штаб би требало да биде и Дидие Дрогба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…