Дома Фудбал Англија Лампард после големата победа над Мурињо: Имавме самодоверба, имавме мад**а

Лампард после големата победа над Мурињо: Имавме самодоверба, имавме мад**а

lampard

Менаџерот на Дерби Каунти, Френк Лампрд после елиминацијата на Манчестер Јунајтед во Лига купот истакна дека неговите играчи покажале голема храброст.

Френк Лампард во вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо ја забележа најголемата победа во неговата кариера.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дерби Каунти се радуваше против „ѓаволите“ после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2.

„Не би имал замерки кон моите фудбалери и да изгубивме во пенал серијата. Игравме без страв, покажавме дека не дојдовме тука да се браниме. Губевме 1:0 после три минути, што е лошо бидејќи може да влијае на самодовербатан а фудбалерите, но кај моите фудбалери тоа не беше случај“.

„Ја одзимавме длабоко на противничката половина, нашите одбранбени играчи стоеа високо, а кога ја имавме топката се обидувавме да создаваме шанси. Имавме самодоверба, имавме мад**а да играме на тој начин“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Шанса да ја освои титулата сезонава има и Арсенал со Микел Артета, а трката ќе биде отворе…