Дома Фудбал Англија Лампард освен со Жиру има проблем со уште еден незадоволен играч

Лампард освен со Жиру има проблем со уште еден незадоволен играч

Челси успеа да слави на Стемфорд Бриџ против Њукасл со минимален резултат 1:0.

Сепак, тоа беше втор натпревар по ред во кој Френк Лампард го изостави Педро од составот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот пред тоа одигра само шест минути во натпреварот во Лига Европа против Лил, а оваа сезона одигра вкупно седум натпревари во сите натпреварувања и постигна еден погодок.

Педро во 2015. година пристигна од Барселона во Челси за 27 милиони евра и од тогаш одигра 190 натпревари за Сините и постигна 42 гола.

Меѓутоа, според шпански Спорт, Педро е незадоволен откако го загуби местото во стартните 11, но и затоа што воопшто не е во составот.

Лампард ги преферира Моунт и Вилиан, а со враќањето на Калум Хадсон-Одои уште повеќе се зголеми конкуренцијата.

Педро има договор со Челси до следното лето, а според моменталната ситуација се чини дека нема да потпише договор со овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …