Дома Трансфер зона Лаказет заминува, Шпанија следна дестинација?

Лаказет заминува, Шпанија следна дестинација?

Најдобриот стрелец на Олимпик Лион, Александар Лаказет наводно избрал каде ќе настапува следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лаказет скоро сигурно заминува ова лето, засега како најсериозен кандидат за неговиот потпис се покажа Атлетико Мадрид, но тука се уште Борусија Дортмунд, Ливерпул и Арсенал.

Арсен Венгер силно го сака во своите редови, но проблемот е што „Топџиите“ најверојатно следната сезона нема да настапуваат во Лигата на шампионите.

Французинот неодамна изјави дека не сака по секоја цена да замине од Лион кој следната сезона ќе настапува во Лигата на Европа, но клубот веројатно не сака да ја пропушти шансата добро да заработи на францускиот напаѓач.

Лаказет оваа сезоан постигна 35 голови на 44 натпревари, а се очекува неговиот трансфер да достигне сума помеѓу 40 и 50 милиони евра. Напаѓачот во Атлетико веројатно би пристигнал како замена за Антоан Гризман за кого се највува дека би можел да направи трансфер во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…