Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот.
Во второто квалификациско коло четири дена подоцна нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во 17:00 часот по локално време.
