Утре репрезентацијата на Македонија ќе го игра натпреварот против Финска во рамките од квалификациите за Европското првенство во Словачка и Украина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот Кире Лазаров денес ги избра ракометарите на кои ќе смета за овој дуел.
Македонија патува со 19 ракометари меѓу кои ќе бидат Кире Лазаров и неговиот помошник Филип Миркуловски. Тука се голманите Митревски, Томовски и Кизиќ, крилата Манасков, Георгиевски, Костески и Маџовски, пикерите Стоилов, Пешевски и Марковски како и бековите Ѓогиев, Талески, Кузмановски, Мишевски, Велковски, Серафимов и Младеновиќ.
Може да се забележи дека има поголем број на бекови, па затоа нема да биде изненадување ако Лазаров и Миркуловски утре не играат.
Треба да споменеме дека од претходниот список отпаднаа Михаил Аларов од Пролет и Емилијан Ѓорговски од КЛ7.