Дома Фудбал Италија „Ла Република“ за Елмас: Новото злато на Наполи кое вреди 70 милиони евра

„Ла Република“ за Елмас: Новото злато на Наполи кое вреди 70 милиони евра

Елиф Елмас вчера го реши големото дерби помеѓу Милан и Наполи на „Сан Сиро“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Единствениот гол на натпреварот Елмас го постигна во петтата минута после нафрлувањето од Зјелински. Во последниот период Елмас игра во фантастична форма и заслужено добива пофалби.

Во италијанската „Ла Република“ по одличниот настап на Елмас излезе текст под наслов „Елиф Елмас, новото злато на Наполи кое вреди 70 милиони евра“.

Италијанскиот весник потенцира дека Елмас под водство на Спалети ја игра најдобрата форма откако е во Наполи од 2019 година. Поради младоста и квалитетот вредноста на Елмас на пазарот е 70 милиони евра и важи за еден од најдобрите млади фудбалери во топ 5 првенства во Европа.

Во текстот се потенцира и дека е големо олеснување што Елмас нема да може да и помогне на Македонија во баражот против Италија. Тој натпревар Елмас ќе го пропушти поради жолти картони.

Текстот на „Ла Репбулика“ – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатни сцени: Халилходиќ во конфликт со навивачите на Нант

Натпреварот од последното, 34. коло на француското првенство меѓу Нант и Тулуз беше прекин…