Белгиецот на голот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа конечно се врати на зелените терени откако цела сезона ја мина надвор од теренот поради тешката повреда што ја доби на почетокот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Искусниот чувар на мрежата ги повреди лигаментите на коленото во август, за да се врати на тренинзите на Реал во март кога повторно се повреди.
Тој чекаше до 4. мај и натпреварот со Кадиз да се врати на стативите, а оттогаш бранеше на сите три натпревари на Реал во Примера. Во тие натпревари Реал постигна 12 гола, а не прими ниту еден. Голема заслуга за тоа има токму Куртоа.
Во вчерашниот натпревар против Алавес кој Реал го доби со 5:0, Куртоа во 57. минута имаше фантастична одбрана кога шутираше Јанис Хаги.