Дома Фудбал Останато Кулушевски: Македонија е многу важна за мене

Кулушевски: Македонија е многу важна за мене

Ѕвездата на Тотенхем, Дејан Кулушевски неодамна го навлече гневот на македонската јавност кога одби да зборува на македонски јазик за „Спорт Клуб“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таткото на Кулушески, Стефан, иако Македонец по потекло е роден во Шведска, додека неговата мајка, Катица е родена во Македонија и се преселила во Шведска како возрасна. 

Тој сепак во интервју за „Гардијан“ објасни дека за него и неговото семејство Македонија е многу важна.

„За моето семејство, но и за мене, Македонија е многу важна. Мајка ми постојано ми вели дека никогаш не треба да заборавиме од каде доаѓаме. Секое лето одам во Македонија и многу ми се допаѓа. Секогаш сум велел дека најдобро би било да можев да играм и за Шведска и за Македонија. Но, кога веќе морав да бирам, ја одбрав Шведска зашто таму сум и роден“, изјави Кулушевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…