Минататан едела „Франс Фудбал“ ја објави листата од 30 фудбалери кои ќе бидат во трката за Златната топка.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од оние кои не се најде на списокот е голманот на Челзи, Едуард Менди. Ќе потсетиме Челзи ја освои Лигата на шампионите, а голманот на „сините“ ја зачува мрежата недопрена на дури девет од 12 натпревари во текот на турнирот, вклучувајќи го и финалето. Со добрата форма продолжи и оваа сезона.




Неговиот соиграч од репрезентацијата Калид Кулибали е разочаран што Менди е изоставен од списокот.




„Навистина е штета што Едуард не е на листата. Тој е првиот афрички голман кој ја освои Лигата на шампионите. Мораме да продолжиме да се бориме и да напредуваме. Очигледно афричките фудбалери треба да направат двојно повеќе од белците за да ги остварат истите цели“, изјави Кулибали.



