Дома Македонски спорт Мак ракомет Кузмановски: Металург има рок, во среда ќе биде познато, дали тимот од Автокоманда ќе згасне?!

Кузмановски: Металург има рок, во среда ќе биде познато, дали тимот од Автокоманда ќе згасне?!

Екипата на Металург славеше над Војводина со 30:26 во рамки на СЕХА регионалната лига.

Но, она на што се осврна јавноста по натпреварот беше контроверзната изјава на Филип Кузмановски кој говореше во името на целиот состав, кој нагласи дека раководството има рок од три дена да ги подмири финансиските долгови кон нив.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Она што се очекуваше ние го остваривме. Но, ова повеќе не оди вака. За 4-5 месеци имаме добиено само една плата. Затоа бараме одговор од клубот, дали ќе го реши овој проблем или да бараме решение. Ние даваме рок до среда, а потоа сопственикот нека одлучи што ќе се случи понатаму“, истакна Кузмановски по денешниот меч.

Останува управата да даде одговор, по што ќе биде познато, дали и покрај сиот труд да се вратат на победничките патеки, тимот од Автокомадна кој несомнено е дел од ракометната историја на Македонија ќе згасне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…