Дома Останати Ракомет Кугис за трансферот во Вардар: Понуда од европски шампион можете да добиете само еднаш

Кугис за трансферот во Вардар: Понуда од европски шампион можете да добиете само еднаш

Ова лето многумина беа изненадени со доведувањето на Артур Кугис во Вардар, навивачите очекуваа звучно засилување на голманската позиција, но на крајот беше доведен сонародникот на Данис Криштопанс.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кугис се подготвува за настапот со Латвија на ЕП, а сега за медиумите во неговата земја откри како дошло до трансферот во Вардар.

„Немав менаџер, но после натпреварот против Словенија во квалификациите ме контактираа неколку. Ми беше понуден трансфер во Скандинавија (Норвешка, Данска, Шведска), Полска, Германија, Франција…Но понуда од европски шампион се добива еднаш, втор пат нема да имате таква шанса. Освен тоа Даинис веќе беше тука, разговарав со најблиските и го избрав Вардар и покрај тоа што имав двојно финансиски подобри понуди“, изјави Кугис.

Во Вардар Кугис немаше добар прв дел од сезоната и често пати беше критикуван од навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешен ракометар на ПСЖ ќе го засили Охрид

Македонскиот суперлигаш Охрид се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот Куп каде што ќе се …