Дома Фудбал Англија Голманот на Норвич на шишето за вода напишал каде играчите на Тотенхем шутираат пенали (ФОТО+ВИДЕО)

Голманот на Норвич на шишето за вода напишал каде играчите на Тотенхем шутираат пенали (ФОТО+ВИДЕО)

Tим Крул вчера беше херој на Норвич во пенал рулетот против Тотенхем.

Искусниот холандски голман одбрани два пенали и ги одведе Канаринците во четвртфиналето од ФА Купот каде што ќе играат против победникот од денешниот дуел помеѓу Дерби и Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крул бил спремен за пенали во овој натпревар, па така на неговото шише на вода си напишал каде најчесто шутираат фудбалерите на Тотенхем.

На крајот неговата анализа се покажа како добра. Тој ги одбрани пеналите на Трој Парот и Жедсон Фернандес, додека Ламела погоди пречка.

Крул и претходно важеше за мајстор за бранење пенали, а оваа сезона на играчите на Манчестер Јунајтед во едно полувреме им одбрани дури два удари од 11 метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…