Кристијан Ериксен дојде како големо засилување во редовите на Интер, но данскиот фудбалер е далеку од формата со која очекуваа да игра навивачите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во редовите на Интер, Ериксен дојде за 27 милиони евра, сега е пред заминување. И директорот на Интер, Бепе Марота неодамна потврди дека Ериксен не е во плановите на Конте и најдобро за двете страни ќе биде тој да ја промени средината и да оди во клуб каде што ќе има поголема минутажа.
Меѓутоа цената на Ериксен падна драстично. Во 2019 година Тотенхем имаше понуда од Реал Мадрид во износ од 70 милиони евра за неговите услуги, а денес веројатно ќе го напушти Интер за 10, најмногу 15 милиони евра. Што значи дека „нероаѕурите“ ќе бидат во загуба од оваа зделка.