Дома Трансфер зона Крај на шпекулациите: Лаутаро донел одлука!

Крај на шпекулациите: Лаутаро донел одлука!

Напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез се огласи на својот Инстаграм профил и потврди дека нема да го напушти клубот ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Нова сезона, заедно“, напиша Аргентинецот.

Мартинез во октомври минатата година го продолжи договорот со италијанскиот клуб, но често пати се споменуваше дека може да замине, посебно се поврзуваше со клубови од Премиер лигата.

Сепак, 24-годишникот потврди дека ќе остане верен на „нероаѕурите“.

Аргентинскиот напаѓач во дресот на Интер минатата сезона одигра 48 натпревари и постигна 25 голови. Од доаѓањето во Интер во 2018 година на вкупно 133 настапи постигна 58 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…