Трансферот на Пол Погба од Манчестер Јунајтед е главна тема ова лето, но изгледа дека конечно е позната иднината на Французинот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид цело лето се обидува да го доведе Погба на „Сантиаго Бернабеу“, па дури и самиот играч призна дека е спремен за нов предизвик.
Меѓутоа, ниту еден клуб не се согласи да ја плати цената која ја поставија „црвените ѓаволи“, а сега кога е затворен трансфер периодот на Островот, Солскјер потврди дека Погба ќе остане на „Олд Трафорд“.
„Немам апсолутно никаква грижа што се однесува до иднината на Погба. Верувам дека ќе остане во Манчестер Јунајтед ова лето“, порача Солскјер.