Дома Трансфер зона Крај на неизвесноста: Јан Облак потпиша!

Крај на неизвесноста: Јан Облак потпиша!

Она што во претходните недели се најавуваше денес доби и официјална потврда – Јан Облак останува во Атлетико Мадрид!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенецот веќе подолго време важи за еден од најдобрите голмани во светот, за неговите услуги се интересираат бројни гигнати, меѓутоа неговата иднина дефинитивно е во Атлетико. Облак (26) нема намера да го напушти Мадрид, а и „јорганџиите“ не сакаат да останат без него.

Така Облак денес и официјално стави потпис на нов договор кој ќе има важност до 2023 година со плата од 10 милиони евра.

Реномираниот „АС“ пишува дека во договорот на Облак ќе има клазула според која тој може да го напушти клубот за сума од 120 милиони евра доколку се појави купувач. Ако некој клуб ја активира клазулата во неговиот договор тогаш Словенецот би станал најскап голман во светот.

Облак дел од тимот на Атлетико стана во 2014 година. Претходно настапуваше за португалска Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…