Дома Трансфер зона Крај на егзодусот во Милан: Ваква понуда „росонерите“ тешко дека би одбиле!

Крај на егзодусот во Милан: Ваква понуда „росонерите“ тешко дека би одбиле!

calhanoglu05.23

Ако точна информацијата на германските медиуми, оваа понуда „росонерите“ многу веројатно нема да ја одбијат.

Милан остана без Европа наредната сезона, а ќе мора да плати и 30 милиони евра поради непочитувањето на Финансискиот фер-плеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И во денот кога се појави таа информација „Кориере дело Спорт“ пишува дека Ред Бул Лајпциг на адреса на италијанскиот клуб испратил понуда од 30 милиони евра за играчот за врска Хакан Чалханоглу.

Германците се спремни да понудат и уште некој бонус со цел да ја подобрат понудата, а Милан во секој случај би можел да заработи бидејќи за репрезентативецот на Турција платија сума од 24 милиони евра.

Лајпциг го сакаше поранешениот фудбалер на Леверкузен уште во јануари, а спремни се да му понудат договор на четири години вреден три милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…