Дома Фудбал КРАЛСКА ТИКА ТАКА: Реал постигна гол по 44 додавања и совршена акција од 107 секунди (ВИДЕО)

КРАЛСКА ТИКА ТАКА: Реал постигна гол по 44 додавања и совршена акција од 107 секунди (ВИДЕО)

Каталонците се далеку од играта тика-така што ја усоврши Пеп Гвардиола, но затоа сега на сцената се качи нивниот најголем ривал. Кралевите под водство на Зизу играат се подопадлив фудбал, а тоа го покажаа и на синоќешниот дуел против Депортиво.

Во голот за 2:0, кој го постигна Касемиро се случи вистински куриозитет. Имено, шпанските стручњаци посочуваат дека акцијата на Реал траела цели 107 секунди и имала 44 додавања, во кои учествувале буквално сите фудбалери на Реал. Ова е акција со гол со најмногу додавања, уште од сезоната 2005/06 наведува шпанска Марка.

Најмногу допири имаа Иско и Модриќ, секој по 8.

Сличен гол во минатата сезона постигна Валенсија. Санти Мина даде гол по 38 додавања и 105 секунди акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рексам го запре лидерот: Мидлсбро немоќен без својот голгетер

Рексам славеше со 2-0 и ја прекина серијата на Мидлсбро од 11 лигашки меча без пораз. Отсу…