Дома Фудбал Останато „Кралевите“ ги дочекаа своите „пет минути“: Голем сеир на сметка на Артуро Видал

„Кралевите“ ги дочекаа своите „пет минути“: Голем сеир на сметка на Артуро Видал

Tимот на Ал Хилал приреди големо изненадување во полуфиналето на Светското клупско првенство и го елиминираше бразилскиот Фламенго.

Ал Хилал во полуфиналната пресметка го победи Фламенго со 3:2, а овој триумф на клубот од Саудиска Арабија со големо задоволство беше дочекан и кај фановите на Реал Мадрид. Во полуфиналето Реал Мадрид игра против Ал Ахли и ако се пласира во финалето сега можеби ќе има полесен противник, но тоа не е главната причина за задоволството кај навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Задоволството се должи на изјавата на Артуро Видал кој сега настапува за Фламенго. Видал пред неколку месеци кога Фламенго ја освои Копа Либертадорес веќе го испланира дуелот со Реал Мадрид па на прославата порача дека „ќе му го искршат задникот на Реал“.

Сега социјалните мрежи се преполни со шеги на сметка на Чилеанецот кој премногу избрза…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…