Дома Фудбал Коста ја отвори душата: Повторно се чувствувам како фудбалер!

Коста ја отвори душата: Повторно се чувствувам како фудбалер!

Напаѓачот Диего Коста синоќа го имаше своето второ деби за Атлетико Мадрид, а после натпреварот не ја криеше радоста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Јорганџиите“ во Купот ја совладаа Леида со 4:0, а еден од головите беше дело токму на Диего Коста.

„Многу сум среќен што повторно имам шанса да се чувствувам како фудбалер и што играм за Атлетико Мадрид. Тоа ми е многу важно. Не можев да барам повеќе од првиот натпревар. Повторно сум на терените, а имав и среќа да постигнам гол“, изјави Коста.

Шпанскиот репрезентативец се врати во Атлетико после три сезони поминати во Челзи. Клубовите трансферот го договорија во септември, но Коста немаше право на настап до 1-ви јануари поради суспензијата за трансфери на мадридскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА и ФИФА во конфликт, Реал се огласи – знаете ли на чија страна застанаа „кралевите“?

Реал Мадрид се огласи во врска со „конфликтот“ меѓу ФИФА и УЕФА, предизвикан од првиот чов…