Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Коста лут на конференцијата: Не поставувајте глупи прашања!

Коста лут на конференцијата: Не поставувајте глупи прашања!

Бразилецот со шпански пасош, Диего Коста успеа да влезе во конфликт и со новинарите.

Коста во вчерашниот натпревар против Иран не успеа да пружи ниту сличен настап како оној против Португалија пред неколку дена кога постигна два погодоци. Иако против Иран беше стрелец на еден гол сепак, впечаток е дека на теренот беше скоро невидлив.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


29 годишниот напаѓач не беше среќен кога новинарите го запрашаа за пристапот на натпреварот.

„Не знам кој натпревар ти си го гледал. Во првото полувреме цело време бевме провоцирани. Морате да го погледнете натпреварот онаков каков што е, не само да доаѓате затоа што игра вашата земја и да поставувате глупави прашања“, изјави Коста.

Да потсетиме, Шпанија вчера го порази Иран со 1:0 токму со голот на Коста (3) кој сега е втор стрелец на трунирот зад Кристиано Роналдо кој има четири погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…