Дома Останати Коронавирусот влезе во Олимпиското село, заразени 10 лица

Коронавирусот влезе во Олимпиското село, заразени 10 лица

Организацискито комитет на Олимписките игри во Токио соопшти дека за прв пат е детектирано присуство на коронавирусот помеѓу спортистите кои се сместени во Олимпиското село.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во извештајот на агенцијата Кјодо се наведува дека вкупно 10 учесници на Олимпијадата од странство, од кои двајца се спортисти во Олимпиското село, се позитивни на ковид-19.

Претседателот на Летните олимписки игри во Токио, Сеико Хашимото рече дека разбира оти атлетичарите кои доаѓаат на игрите се многу загрижени, додавајќи дека јапонските власти прават сè за да превенираат појава на нови случаи на ковид-19, а доколку се појават кластери имаат резервен план.

Олимписките игри во Токио започнуваат за пет дена, односно на 23 јули и ќе траат до 8 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…