Дома Фудбал Англија Коронавирус во Ливерпул на 11 дена пред натпреварот со Арсенал!

Коронавирус во Ливерпул на 11 дена пред натпреварот со Арсенал!

Фудбалерите на Ливерпул во овој момент се наоѓаат во Австрија на припремите за новата сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените“ првиот дел од припремите ќе го одработат во Австрија и таму ги очекуваат неколку пријателски натпревари. Шампионот на Англија е сместен во Салделден во близина на Салзбург.

Меѓутоа во таборот на Ливерпул се вклучил аларамот и тоа на 11 дена пред натпреварот од Комјунити Шилд против Арсенал. Имено, „Дејли Мејл“ пренесува дека членовите на тимот се тестирале вчера и дека имале еден позитивен случај.

Се уште не се знае за кого станува збор и се очекува клубот наскоро да се огласи. Екипата продолжила со нормални тренинзи, па затоа се верува дека не е во прашање некој од првиот тим.

До натпреварот против Арсенал остануваат уште 11 дена, па се случи цел тим на Ливерпул да оди во изолација тоа би пореметило многу работи. Како и да е повеќе ќе биде познато кога ќе се огласи Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aлегри може да добие отказ, се најавува и кој би го наследил!

Борбата за водечката позиција на табелата за Милан се претвори во мачна борба за пласман в…