Дома Фудбал Италија Кореа по одличното деби: Конечно сум во Интер за да покажам што можам

Кореа по одличното деби: Конечно сум во Интер за да покажам што можам

Интер вчера успеа да слави на гостувањето кај Верон со 1:3, а херој на „нероаѕурите“ беше Хоакин Кореа кој што туку пристигна во клубот.

По првото полувреме Интер имаше негатива од 1:0, изедначи Лаутаро и тој резултат беше актуелен се до последните десетина минути. Кореа кој во игра влезе во 74. минута, постигна два гола и обезбеди три бода за својот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сонував дека ќе бидам во Интер уште од мали нозе, уште од оној момент кога видов голем број Аргентинци во клубот. За првпат се појавив во клубот кога имав 16 години, сега конечно сум тука да покажам што можам“, изјави Кореа по дебито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…