На конференцијата за медиуми пред натпреварот против ВБА, Италијанецот се однесуваше како позицијата да не му е ни малку загрозена.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Новинарите се обидуваа да го испровоцираат со прашањата во врска со шпекулациите за тоа кој би можел да го наследи во Челси, но Конте не им одговараше на таквите прашање.
„Не размислувам за напуштање на клубот. Јас сум максимално посветен на својата работа. Се занимавам со работа која зависи од резултатите, а ситуацијата во овој момент не е баш најдобро. Токму поради тоа мораме да се собереме и да славиме на наредниот натпревар“.
„Навивачите не можете да ги измамите. Тие гледаат се. Од кога дојдов тука имам навистина одличен однос со нив и на тоа сум горд. Почестен сум што тие ја разбираат мојата посветеност. Заслужуваат да им се одолжиме така што ќе го дададеме максимумот“, изјави Конте.