Интер одлично ја започна сезоната, но Конте сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Менаџерот на „нероаѕурите“ се пожали на малиот ростер и јавно го повика раководсвото да му донесе засиливања во јануари.
Најголема потреба од засилување има во средниот ред, а Конте има две големи желби, Милинковиќ – Савиќ од Лацио и Сандро Тонали од Бреша, пренесува „Газета дело Спорт“.
Милинковиќ-Савиќ веќе подолго време е на радарот на Интер, но и на други европски гиганти, па малку веројатно е дека Лацио ќе го пушти Србинот на среде сезона.
Многу поверојатна цел е Сандро Тонали, кој има епитет „новиот Пирло“, па Бреша би можела да го пушти доколку „нероаѕурите“ понудат помеѓу 30 и 35 милиони евра.