Челзи игра фантастична сезона и е лидер во Премиер лигата, но веќе планира додатно да го засили тимот за следната сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Сините“ следната сезона ќе играат во Лигата на шампиони, па Конте смете дека ќе треба додатно да се засили тимот како во квалитет, така и во квантитет.
Медиумите на Островот пренесуваат дека сопственикот Абрамович е спремен да инвестира 120 милиони фунти следното лето, а откриена ее и главните трансфер мета.
Имено, Конте сака по секоја цена да го донесе Алваро Мората од Реал Мадрид бидејќи во моментов го има само Диего Коста како централен напаѓач, а Батчуаи најверојатно ќе си замине следното лето.
Притоа „сините“ сакаат да се засилат со уште еден врвен дефанзивец, а на врвот на листата се Ван Дијк од Саутемптон и Костас Манолас од Рома.