Дома Фудбал Италија Конте: Го загубивме второто место? Тоа е за лузери

Конте: Го загубивме второто место? Тоа е за лузери

Интер синоќа на Џузепе Меаца одигра нерешено со Фиорентина во рамките на 35. коло од италијанската Серија А.

Во текот на целиот натпревар Интер доминираше, но не успеа да ја пробие одбраната на Фиорентина и со тоа ја пропушти шансата да се врати на второто место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој резултат е изненадувачки, особено ако се земе во предвид дека Интер играше со клуб од долниот дел на табелата, но тренерот Антонио Конте не е загрижен поради тоа.

„Второто место за мене е безначајно, тоа е првото место за лузерите. Некој ќе се задоволи со тоа, но јас не, ниту сакам на моите играчи целта да им бидe да бидат втори.“ – изјави Конте после натпреварот.

На врвот во Серија А е Јувентус со 80 освоени бода и натпревар помалку. Аталанта е втора со 74, додека еден бод помалку има третопласираниот Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…