Англискиот шампион Челзи, наредната сезона би можел да биде посилен за уште еден играч од средината.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наводно, Корентин Толисо, е големата желба на Антонио Конте, според медиумите сите три страни би биле задоволни од условите. Па така 22 годишниот играч од средината кариерата би можел да ја продолжи во редовите на англискиот шампион, кој очигледно сака “свежа крв“ во средината.
Толисо претходно на големо се поврзуваше со екипата на Јувентус. Сепак, според ова „старата дама“ не успеа да се договори, но сигурно дека Толисо не би се разочарал и со трансфер во Челзи.
Покрај Челзи и Јувентус, помал интерес за овој фудбалер покажа и Рома.