Дома Фудбал Германија Конечно ОДЛИЧНИ вести за Баерн и Анчелоти!

Конечно ОДЛИЧНИ вести за Баерн и Анчелоти!

Баерн Минхен остана без Мануел Ноер, одличниот германски голман се повреди претходната недела, но конечно после низата лоши вести, следуваа и малку добри вести за германскиот гигант.

Гигантот од Минхен во среда го игра дербито во Лигата на шампионите на гостински терен против ПСЖ, а во Париз ќе патуваат без Мануел Ноер. Еден од најдобрите чувари на мрежата е опериран и ќе паузира подолго време, но за овој натпревар во тимот на Баерн се враќаат Давид Алаба и Тијаго Алкантара.

Баерн во последно време не е во најдобра форма, имаа големи потешкотии со своите противници, а доказ за тоа беше и нерешениот резултат во последното коло против Волфсбург. Да потсетиме, Баерн водеше со 2:0, но на крајот „волците“ успеаа да стигнат до реми од 2:2.

Поради тоа враќањето на овие двајца на теренот на би можело да биде вистинско освежување за германскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Екс-претседател на Сити удри по својот поранешен клуб: Ја исмејуваат целата Премиер лига!

Поранешниот претседател на Манчестер Сити, Дејвид Бернстин, не го штеди клубот што некогаш…