Сагата за трансферот на Кутињо во Барселона денеска би требало да биде завршена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, како што пишува каталонскиот „Sport“, Ливерпул се согласи да ја продаде ѕвездата на Барселона, а се пишува дека оштетата би можела да достигне и 160 милиони евра.
Клучниот состанок помеѓу сопствениците на Ливерпул, американската група „Fenway Sports Group“, и играчот се одржа во петокот. Преговорите се одржале преку видео линк, пишува споменатиот извор.
Како што наведува „Sport“, Кутињо и неговите претставници во изминативе денови вршеа притисок на сопствениците на Ливерпул кој претходно во официјално соопштение објавија дека нема ништо од продажбата на Бразилецот во Барселона.
Сепак, пристиокот се исплатеше и Ливерпул се согласил на повреда, тврди „Sport“.