Дома Фудбал Италија Кондициониот тренер на Интер си заминал од кубот по расправија со Конте

Кондициониот тренер на Интер си заминал од кубот по расправија со Конте

На почетокот на овој месец се случи скандал на тренингот на Интер, а главни актери беа Антонио Конте и кондициониот тренер на тимот, Жулио Тоус Фајардо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми утрово објавија дека Фајардо и официјално го напуштил Интер. Клубот не се огласи по повод неговото заминување и не сакаа да откријат зошто членот на стручниот штаб на Конте си заминал.

Меѓутоа „Кориере дело Спорт“ денес објави информација дека дошло до жестока расправија помеѓу Конте и Фајардо на еден од тренинзите на Интер на почетокот на месецот.

Фајардо после вербалниот конфликт го напутшил тренингот за потоа да ги извести и челниците на клубот дека заминува од клубот. Ова е изненадување затоа што Фајардо е човек од доверба на Конте и со него соработуваше и во Јувентус и во Челзи.

Медиумите шпекулираат и дека Фајардо нема да чека долго време на нов ангажман и дека ќе биде кондиционен тренер во репрезентацијата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ги следи стапките на ФИФА: Дали ќе се проширува и Европското првенство?

Откако ФИФА потврди дека Светското првенство 2030. година ќе собере дури 64 репрезентации …