Најверната навивачка група на Вардар, „Комити“ во сабота ќе има собир пред Националната Арена „Тодор Проески“ каде што Вардар ќе игра против Борец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вардар е во една тешка ситуација, клубот се наоѓа во голема криза и голем број од играчите го напуштија клубот. Црвено-црните така едвај склопија тим за да ја започнат сезоната.
Поради пандемијата со коронавирусот навивачи на трибините нема да има, но „Комитите“ порачаа дека нема да го остават Вардар и најавија навивање пред стадионот.
„После скоро шест месечна пауза започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два форнта. Лошата ситуација во Ф.К. Вардар и Играњето на натпреварите без публика. Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комиткса пред градскиот стадион.
16:30 Пред влезот на западната трибина!Нагласуваме со почитување на маерките за заштита и задолжително носење МАСКИ!“, стои во настанот на социјалните мрежи.
