Дома Фудбал Колку е големо срцето на Каталонците: Барселона ќе носи посебен дрес на отворањето на новата сезоната (Фото)

Колку е големо срцето на Каталонците: Барселона ќе носи посебен дрес на отворањето на новата сезоната (Фото)

Раководството на Барселона одлучи во првото коло од Ла Лига против Бетис, фудбалерите на истрчаат во дресови на кои нема да се најдат имињата на фудбалерите.

Каталонскиот великан се одлучи на овој потег со цел да се оддаде почит кон жртвите во синоќешниот терористички напад во Барселона.

Клубот доби дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија и раководството на Ла Лига, за да ги променат дресовите на кои наместо презимињата ќе стои само називот Барселона.

Исто така, предниот дел од дресот ќе го содржи хаштагот #TotsSomBarcelona, додека мечот ќе стартува со едноминутен молк во чест на жртвите.

Играчите на Барселона покрај дресовите, на своите раце ќе имаат и црни ленти.

Натпреварот помеѓу Барселона и Бетис е закажан за недела од 20:15 на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …