Дома Кошарка Кокошков го објави списокот: Србија ќе има супер тим за ЛОИ во Токио!

Кокошков го објави списокот: Србија ќе има супер тим за ЛОИ во Токио!

Селекторот на Србија, Игор Кокошков денес го објави списокот на играчи на кои ќе смета во квалификациите за пласман на ЛОИ во Токио.

Списокот на Кокошков го предводат Никола Јокиќ и Василије Мициќ, двајцата најдобри играчите во двете најквалитетни кошаркарски натпреварувања. Кога ќе се погледнат сите имиња, Кокошков ќе има навистина тешка задача да ги избере најдобрите.

Подготовките Србија ќе ги започне оваа недела со турнирот што ќе се одржи во Белград од 29. јуни до 4. јули.

На списокот на Кокошков се најдоа: Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Алекса Аврамовиќ, Богдан Богдановиќ, Данило Анѓушиќ, Огњен Јарамаз, Бранко Лазиќ, Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ, Огњен Добриќ, Драган Милосављевиќ, Немања Бјелица, Дејан Давидовац, Филип Петрушев, Далибор Илиќ, Никола Милутинов, Бобан Марјановиќ, Мирослав Радуљица, Ален Смаилагиќ, Марко Гудуриќ, Никола Јокиќ, Алексеј Покушевски, Вања Маринковиќ и Немања Недовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мициќ со 31 поен го урна Макаби: Петти пораз по ред пред Партизан!

Хапоел го доби дербито во Тел Авив со 105:87, а Макаби со серија од пет порази го чека гос…