Дома Трансфер зона Кога Јувентус лесно се откажува треба да се внимава: Евертон не знае што со „чудото од дете“

Кога Јувентус лесно се откажува треба да се внимава: Евертон не знае што со „чудото од дете“

Mногумина се чудеа во текот на летото, но Јуве очигледно направи добар потег.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изгледаше чудно што Јувентус се откажа од момчето кое кога и да добиеше шанса играше одлично во Серија А и во финишот од сезоната ги тресеше мрежите.

„Чудото од дете“ Моис Кин се пресели во Премиер лигата и тоа за „само“ 30 милиони евра, а дури нема ни откупна клазула Јувентус да го врати. Меѓутоа сега тие 30 милиони кои во текот на летото изгледаа малку се покажа дека биле одлична зделка. Клазула и да постоела според она што Кин ги прикажува Јувентус немаше да го врати.

Кин има лош старт во Премиер лигата и десет натпревари без гол, покрај тоа констатно ги прекршува клупските правила и на крајот доби суспензија.

„Карамелите“ не знаат што да прават со него, се обидуваат да го вратат во Серија А за да игра и да добива искуство. Се јави Сампдорија, меѓутоа неговиот менаџер Мино Раиола гледа кон Милан и го предложил на Леонардо и Бобан.

Како и да е Јувентус повторно направи одличен потег на трансфер пазарот иако на почетокот не изгледаше така.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…