Дома Фудбал Англија Клоп: Јас сум виновен за поразот од Барнли

Клоп: Јас сум виновен за поразот од Барнли

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја превзема вината за поразот од Барнли со кој Ливерпул врза четири натпревари без даден гол во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Ливерпул ова беше прв пораз на „Енфилд“ од 2017 година кога домот на „црвените“ победнички го напушти Кристал Палас (1:2).

„Изгубивме натпревар кој скоро е невозможно да се загуби. Јас сум виновен. Моја работа е да направам фудбалерите да имаат чувство на самодоверба, но тоа не функционираше во овој натпревар. Ја држевме топката, но не креиравме шанси“.

„Минатиот пат им кажав кога нешто не оди треба да работиме уште повеќе. Тешко се игра против тим кој се брани со низок блок. Од голема помош е ако постигнете први гол, тоа во овој натпревар не беше случај. Кога играчите долго време нема да постигнат гол губат самодоверба“, изјави Клоп.

Ливерпул сега го чекаат два тешки натпревари, против Манчестер Јунајтед во ФА Купот и Тотенхем во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…