Дома Трансфер зона Клоп ја затвора „дупката“ во одбраната – тргнува по Боатенг

Клоп ја затвора „дупката“ во одбраната – тргнува по Боатенг

Германските и англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Жером Боатенг.

Ливерпул во јануари го донесе Вирџил ван Дијк, но Клоп е свесен дека се уште има „дупка“ во одбраната, па смета дека Боатенг ќе биде идеален партнер за Холанѓанецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денешното издание на „Билд“ потврди дека Баерн е спремен да продаде четири ѕвезди, а Боатенг е една од нив, па Клоп сака да ја искористи ситуацијата.

Се очекува Ливерпул во следните денови да испрати официјална понуда од 45 милиони евра, што би требало да биде доволно за да ги задоволи апетитите на Баварците.

Боатенг сака да се пресели во Премиер лигата и наводно веќе му кажал ДА на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…