Дома Фудбал Англија Клоп: Треба сами да си ја завршиме работата, Сити ќе победи на сите натпревари

Клоп: Треба сами да си ја завршиме работата, Сити ќе победи на сите натпревари

Ливерпул ја продолжува борбата со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата и во моментов има четири бода предност на табелата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Очекувам Сити да победи на секој натпревар. Ако сакате нешто да постигнете, сами треба да си ја завршите работата. Кога вашето внимание е насочено кон ривалите, тоа не помага. Очекувам да имаме само бод пред мечот утре“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Поголемиот дел од навивачите и експертите очекуваат клубот од „Енфилд“ оваа сезона конечно да ја освои титулата после 29 години.

„Најважното натпреварување што може да се освои е Премиер Лигата. Да се биде во првите 4 е важно затоа што ви гарантира финансиски приходи следната сезона. Меѓутоа, ако освоиш титула една година и следниот пат завршиш на осмото место, никој не зборува за трофејот кој си го освоил. Во клуб како Ливерпул секогаш треба да се стремиме за трофеи. Многу е важно да се биде во Лигата на шампиони секоја година“, заклучи германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар пристигна на тренинг на репрезентацијата со приватен хеликоптер (ВИДЕО)

Најголемата фудбалска ѕвезда во Бразил, Нејмар, пристигна во тренинг кампот на репрезентац…