Дома Топ вести Клоп спрема мега-засилување: Ливерпул со него ќе биде незапирлив

Клоп спрема мега-засилување: Ливерпул со него ќе биде незапирлив

Од доаѓањето на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, „црвените“ играат фантастично и имаат тим кој ќе атакува на сите трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот европски шампион е на добар пат да ја освои конечно и титулата во Премиер лигата, но Клоп сака додатно да го засили својот тим.

Триото Мане – Фирмињо – Салах функционира одлично, но Клоп сака уште еден играч од светска класа за да може да прави ротација, а најголема желба е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Санчо блесна во дресот на „милионерите“, но во последно време влезе во конфликт со раководството и е спремен да се врати во Премиер лигата, а медиумите тврдат дека Ливерпул е фаворит за неговиот потпис.

Борусија Дортмунд за слободата на Санчо бара околу 100 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…