Дома Фудбал Англија Клоп: Сити запиша три порази, а луѓето зборуваат за нашите две ремија

Клоп: Сити запиша три порази, а луѓето зборуваат за нашите две ремија

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не се согласува со критиките дека во последно време неговиот тим игра неубедливо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул со победа утре над Борнмут може да се врати на врвот со три бода предност пред Манчестер Сити.

„Оваа сезона Сити испушти 12 бода, а ние само 7. Во еден момент тие запишаа три порази, а ние сега одигравме две ремија, но луѓето на различен начин гледаат на тоа“, изјави Клоп.

„Борбата за титулата станува се поинтересна и ние треба да на терен да го покажеме нашиот квалитет. Во Германија не сум бил сведок на вакво нешто. Самите ние очекуваме да играме подобро и сега имаме шанса да го докажеме тоа. Моите играчи одиграа одлично до сега и имаме шанса повторно да се вратиме на врвот“, додаде германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Англија постигна гол за победа: Студиото „гори“, а погледнете го Рој Кин

Англија ја победи Норвешка со 2:1 во Мајами по дополнителното време и се квалификуваше за …