Дома Фудбал Клоп остана и без Фабињо

Клоп остана и без Фабињо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген клоп нема да може да смета на Фабињо за утрешното гостување против Лестер.

Бразилецот, кој е стартер како централен дефанзивец ќе го пропушти дуелот со Лестер поради мускулна повреда. Се уште не е јасно дали Фабињо ќе биде спремен за дуелите со Лајпциг и Евертон.

Тоа значи дека многу веројатно на утрешниот дуел ќе дебатира некој од новите засилувања кои пристигнаа во јануари – Бен Дејвис или Озан Кабак.

„Фабињо нема да биде на располагање за утрешниот дуел. Тој има лесна мускулна повреда. Во моментов не знам дали ќе биде спремен за дуелите од следната недела“, потврди Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…