Дома Фудбал Клоп: Кутињо во Барселона? Вау, одлично!

Клоп: Кутињо во Барселона? Вау, одлично!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не го повика Филипе Кутињо за мечот против Барнли и со тоа само ги засили шпекулациите за негов трансфер во Барселона.

Пред неколку дена компанијата „Најк“ промовираше реклама на својот сајт поврзана со продажбата на овосезонските дресови на Барселона.

„Филипе Кутињо е спремен да го „запали“ Камп Ноу. Купете го вашиот дрес со името „магионичар“ на него“, стоеше на сајтот на „Најк“.

Од компанијата „Најк“ не се огласија, па се уште е нејасно дали станува збор за грешка или хакерски напад.

Оваа ситуација ја прокоментира и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и тоа во свој стил.
„Слушнав за тоа, но не бил можел да бидам помалку заинтересиран за било што друго. Кога видов помислив – Вау, одлична сторија“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…