Дома Трансфер зона Клоп и Мурињо се „тепаат“ за млад Бразилец!

Клоп и Мурињо се „тепаат“ за млад Бразилец!

Како што пренесуваат англиските медиуми Јирген Клоп и Жозе Мурињо се силно заинтересирани за бразилскиот талент, Малкон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 19-годишен фудбалер кој моментално настапува за Бордо го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најсилен интрес покажуваат токму Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Малкон има договор со Бордо до 2020 година, но тој призна дека е спремен да ја промени средината и да заигра за поголем клуб.

„Не е важно за кој клуб или шампионат ќе играм. Сакам да играм за голем европски клуб и да ја освојам Лигата на шампиони“, призна Бразилецот.

Малкон е офанзивец играч за врска, технички одлично поткован и оваа сезона има постигнато 6 гола и запишано една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…