Дома Фудбал Клоп е воодушевен од фудбалерот на Арсенал: Тој е талент на векот!

Клоп е воодушевен од фудбалерот на Арсенал: Тој е талент на векот!

Ливерпул и Арсенал одиграа фантастичен натпревар во осминафиналето на Лига купот, кој во регуларниот дел заврши со резултат 5:5.

И Клоп и Емери на овој натпревар користеа голем број на млади играчи, а тренерот на Ливерпул беше задоволен од партиите на својот младеж, но и воодушевен со напаѓачот на „топџиите“, Габриел Мартинели – кој постигна два погодоци.

„Нашиот Сеп одигра неверојатен натпревар… Тешко беше да се игра со тие момци од Арсенал. Мартинали од прилика е иста возраст како Ван Денберг, но тој е талент на векот, неверојатен напаѓач поради кој ни беше многу тешко“, изјави Клоп.

Инаку, 18 годишниот Бразилец, Габриел Мартинели летово пристигна во Арсенал, и веднаш ги воодушеви сите со своите настапи. Тој на седум меча за „топџиите“ постигна 7 гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …