Дома Фудбал Англија Клоп до Мурињо: Зарем само трофеите се важни?

Клоп до Мурињо: Зарем само трофеите се важни?

klop

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одговори на коментарите на Жозе Мурињо дека не може само по трофеите да се мери неговиот квалитет.

Пред натпреварот на овие два тима во недела од 17:00 часот менаџерот на Манчестер Јунајтед истакна дека трофеите се важни, алудирајќи на тоа дека Клоп не освои ниту еден од кога ги превзема „црвените“ во октомври 2015.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Дали морам? Дали морам да освојувам? Тоа можеби ќе биде она што ќе се памети, но јас прво мора да го извлечам најдоброто од она што клубот ќе ми го понуди“

„Ако луѓето кажат дека минатата сезона во Лигата на шампионите не беше успешна затоа што изгубивме во финалето, не можам ништо да променам. Дали била најуспешна? Не, но беше одлична и уживав. Пласманот во финалето е голема работа, ако се смета само најдоброто, а не трудот, тогаж животот е сра*е“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…