Дома Фудбал Останато Клоп го налутил Кутињо, Бразилецот не криел и им испратил пораки на поранешните соиграчи!

Клоп го налутил Кутињо, Бразилецот не криел и им испратил пораки на поранешните соиграчи!

Бразилецот Фелипе Кутињо на почетокот на оваа година го напушти Ливерпул и одлучи кариерата да ја продолжи во Барселона која за него плати 160 милиони евра.

Сагата помеѓу Ливерпул и Барселона траеше неколку месеци, но „црвените“ на крајот се согласија да го продадат еден од своите најважни играчи. Меѓутоа неговото заминување скоро и да не се почуствува. Избраниците на Клоп предводени од Мохамед Салах играат навистина фантастично.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Познато е дека Кутињо од кога замина остана во контакт со своите поранешени соиграчи, а веќе и еднаш го посети Ливерпул.

Сега, според пишувањето на англиските медиуми неговиот однос со Јирген Клоп е нарушен после коментарот на Германецот дека Ливерпул сега повеќе од било кога игра во духот „еден за сите, сите за еден“.

Овие зборови наводно го погодиле Бразилецот и разочаран им се пожалил на своите поранешни соиграчи и пријатели од Ливерпул. Како што дознава „The Sun“, Кутињо им испратил јасни пораки преку кои не криел дека е лут на Клоп и дека неговите зборови го повредиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Агентот на Винисиус Жуниор открива колку европски клубови се заинтересирани да го купат Бразилецот

Шпанскиот новинар Ромен Молина откри на социјалната мрежа X дека агентот на Винисиус Жунио…