Дома Фудбал Англија Клоп: Ако стигне понуда за Салах, одговорот е НЕ

Клоп: Ако стигне понуда за Салах, одговорот е НЕ

Вчера како „бомба“ одекна веста дека Мохамед Салах е блиску до трансфер во Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесова дека Салах ја прифатил понудата од Ал Итихад, кој му нуди 60 милиони евра по сезона.

Денес на оваа тема проговори Јирген Клоп, кој истакна дека до клубот не пристигнала никаква понуда, но „црвените“ не размислуваат за продажба на Египќанецот.

„Тешко е да се коментираат приказните во медиумите бидејќи од наша гледна точка воопшто нема за што да се зборува. Салах е од суштинско значење за нас. Ништо, не добивме никаква понуда. Дури и да има такво нешто, одговорот би бил НЕ. Тој е 100% посветен на Ливерпул“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Речиси има договор: Еве кој ќе биде нов селектор на Италија!

Легендарниот дефанзивец на Италија, Паоло Малдини, кој неодамна беше назначен за технички …