Дома Фудбал Италија Клаудио Маркизио закажа прес конференција на стадионот на Јувентус

Клаудио Маркизио закажа прес конференција на стадионот на Јувентус

Клаудио Маркизио свикал прес конференција за текот на оваа недела и истата ќе се одржи на стадионот на Јувентус.

Некогаш големиот потенцијал на Јувентус во моментов е слободен агент откако си замина од Зенит Санкт Петербург и никој не знае кој ќе биде неговиот следен чекор.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Неодамна тој  одбил неколку понуди кариерата да ја продолжи во Кина од каде заинтересиран бил тимот на Џиангсу Сунинг, а одбил понуди и од Емиратите и од Јапонија. Понудата од Сунинг како што кажа јавно ја одбил поради блиската поврзаност на таа компанија со Интер. Потоа се пишуваше дека може да оди во Ренџес или Монако, на крајот не испадна ништо и од тие опции.

Конференцијата ќе се одржи на 3-ти октомври (четврток) во просториите на „Алијанц Стадионот“ на „старата дама“. Засега нема некои по конкретни најави што Маркизио ќе соопшти на таа конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Панчев: Јас имам две мајки – првата е Македонија, втората Србија 🎥

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев беше гостин во Белград каде што присуствуваше…